Големиот редизајн на оперативните системи од Apple, кој беше неофицијално најавуван со месеци, беше претставен во рамките на WWDC25 и го носи името Liquid Glass.
Веднаш по претставувањето започнаа критиките, доста од нив оправдани, за дизајнот кој на многу места ги прави работите многу потешки за читање, односно „стаклениот“ ефект е толку силен што работите зад елементите се гледаат доволно многу за да работите се измешаат, кратко кажано.
Корисниците почнаа да објавуваат изјави како таа дека Стив Џобс би го отпуштил целиот тип зад дизајнот и слично, па кратко кажано корисниците воопшто не беа среќни со новиот дизајн.
Во втората бета за програмерите Apple ги исправи дел од овие елементи, а во третата бета, која стана достапна вчера, работите добија дополнителни промени.
Интересно е што сега критиките се во правец на тоа дека Apple целосно се имаат откажано од Liquid Glass дизајнот, па корисниците сега истакнуваат дека дизајнот им се допаѓал.
Заклучокот дека од компанијата се откажуваат од Liquid Glass не се баш точни, ефектите се тука, но точно е дека направени се одредени промени на нивото на „стакленост“, односно проѕирност и со тоа работите многу подобро можат да се читаат и веќе нема мешање на елементи.
Како и да е, точен е и заклучокот дека Apple не се однесуваат баш во 100% нивниот карактеристичен стил, па ќе биде интересно да се следи во кој правец ќе заврши новиот дизајн до септември.
Јавната бета верзија, таа наменета за обичните корисници, се очекува во наредните недела до две, па повеќето корисници ќе можат да ги пробаат новите верзии пред официјалното пуштање во септември.