Фото: Shutterstock.com

Познат е проблемот на Android фрагментација, како што се нарекува, кој во главно постои поради огромниот број на различни производители и уреди, но сепак не треба да се исклучи и факторот на „незаинтересирани“ корисници.

Кратко кажано, најновата верзија од Android не е таа која е инсталирана кај мнозинството на Android уреди, а тоа останува случајот дури и по година дена од нејзиното претставување.

Google, кои со години веќе работат со најпознатите производители да ги пуштаат нивните надградби што порано, сега ќе се обидат да го „решат“ и проблемот кој е од страната на корисниците.

Тоа ќе го прават со прикажување на известување преку кое корисниците ќе можат да дознаат нешто повеќе за новините кои се достапни во новата верзија од Android и со тоа да бидат потсетени и мотивирани да ја инсталираат.

Оваа новина е наречена Android Upgrade Invite и покрај тоа што ќе функционира автоматски кај уредите од Google, односно тие кои функционираат со gOTA сервисот, ќе може да се користи и од страна на производителите.

Тие ќе можат да го прилагодат известувањето да ги содржи потребните од нивна страна информации и да им ги пуштаат на корисниците кога е потребно.

Би било добро ова да ги мотивира што поголем дел од корисниците да ги инсталираат најновите верзии од Android кои им се достапни, а таквата ситуација би донела добро на сите корисници.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаBeach Film Festival во Охрид со европски филмови под ѕвездите
Следна статијаiPhone 15 серијата ќе користи технологија кај батериите која ќе овозможи поголем капацитет и подолг век на нивно траење
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.