Lollipop Forest

Android е најмногу користениот оперативен систем моментално кога се работи за мобилните уреди. Со исклучок во неколку земји, генерално гледано на глобално ниво, ниту еден од алтернативните оперативни системи не успеваат да ја загрозат неговата прва позиција.

Огромниот број на корисници од различни производители со понуда на различни видови на уреди, како и отвореноста на системот доведува до познатиот проблем на Android, а тоа е неговата фрагментација.

Ова значи дека за разлика од iOS на пример, корисниците на Android се распределени на различни уреди кои што работат на повеќето верзии од оперативниот систем. Ова се разбира претставува до некаде проблем, поради потребата за поддршка на многу видови на уреди и верзии од системот.

Поради ова, следењето на процентот кој што го има секоја верзија од Android е интересна, но и корисна информација за програмерите, производителите, како и самите корисници.

Google секој месец излегува со статистика за бројот на корисници врз основа на Play Store апликацијата која што ја користат поголемиот дел од корисниците. Најновите бројки покажуваат дека најновата генерална верзија од оперативниот систем, односно Android 5 Lollipop ја користи секој пети корисник на овој систем.

chart

Поточно, Android 5.0 и 5.1 се инсталирани на 21% од корисниците на овој систем. Ова ја става оваа верзија од Android на третото место зад Jelly Bean и KitKat.

Овие две верзии држат 71% од корисниците, односно 39,2% Android 4.4 KitKat и 31,8% 4.1 Jelly Bean.

Останатите верзии од Android имаат 8% удел, што не изненадува и покрај големата фрагментација на системот.

Извор: Google

Претходна статијаВчера заврши првиот StartQube – летен камп за млади претприемачи и стартапи
Следна статијаAdBlock Plus официјално го претстави својот прелистувач за Android и iOS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.