Дел од тест верзиите од Android 16 вклучуваат нова API алатка наречена SettingsPreferenceService кој во основа ќе им овозможи на апликациите пристап до системските прилагодувања.
Ваков начин на функционирање е достапен на iOS, каде дел од прилагодувањата од апликациите можат да се најдат преку прилагодувањата за системот, односно преку Settings.
Тоа што треба да се истакне е дека оваа можност на iOS многу ретко се користи од страна на програмерите, па за повеќето апликации прилагодувањата можат да се најдат во самите апликации. Апликациите од Apple се тие кои го користат овој начин на функционирање.
Засега не е познато дали од Google планираат новата алатка да ја пуштат за сите апликации или тоа го планираат само за нивните, односно системските апликации.
Како и да е, доколку биде пуштена за сите, останува да се види дали воопшто програмерите би сакале да ја користат, со оглед на доста слабата популарност на iOS.
Генерално ова за повеќето не е некоја добра можност, а корисниците во главно не сакаат да мораат да одат во Settings за да прилагодат нешто од апликацијата која ја користат, а посебно кога потребата за тоа се јавува додека истата е вклучена.
Како се ближи времето за пуштање на Android 16, ќе видиме дали оваа новина ќе добие некое посебно значење.