Моќта која ја имаат денешните смартфони, па и тие од средната класа, овозможува тие да можат да се користат и како делумна замена за компјутерите. Како би изгледало вакво нешто со години го гледаме преку Samsung DeX, функција која вклучува посебен кориснички интерфејс секогаш кога телефонот е поврзан со надворешен екран. 

Иако телефоните имаат доволно моќ за правење и на посериозни активности, сепак десктоп режимот е добар за ситуации, како на пример патувања, кога се трга потребата од носење на лаптоп, па корисниците можат да ја завршат својата работа на телевизорот од хотелската соба. 

Оваа функција наскоро ќе ја имаат повеќе смартфони поради тоа што истата ќе стане достапна на основната Android верзија, а има најави и дека Apple ќе донесе ваква функција кај iPhone со iOS 19

Со бета верзиите од Android 16 го имаме првиот поглед од тоа како Google ја замислува оваа функција, а се надевам дека истата ќе биде доста подобрена од сега. 

Како што би се очекувало, на долната страна достапна е лентата со апликации, додека другите информации се поставени на горна лента. Апликациите можат да се отвораат во намалени прозори и повеќе во исто време, односно класичен десктоп режим. 

На почетокот од статијата можете да погледнете до каде е развојот на оваа функција од страна на Google, благодарение на видеото до Android Authority.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаИспраќањето и примањето пари сега е можно само со телефонски број или картичка: Visa Direct услугата достапна и на нашиот пазар
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.