Мапа која покажува како северниот пол ја менувал позицијата на Антартикот пред да се сврти пред 786 илјади години на ориентацијата која ја имаме денес (слика од Универзитетот од Калифорнија, Беркли)

Кога се работи за магнетното поле на Земјата изгледа дека ниту еден заклучок не е доволно постојан. Повеќето имаме претстава дека Земјиното магнетно поле не се поклопува секогаш со географските полови кои знаат повремено да си ја заменат својата позиција, и дека генерално ваквите смени се одвиваат бавно и на неколку стотици илјади години.

Но еден тим на научници кои испитувале одреден земјен седимент во Салмона базентот близу Рим, Италија, имаат дојдено до едно зачудувачко откритие. Самата почва, која содржи материјали осетливи на Земјиното магнетно поле, остава трагови за тоа како се менувало истото и колку било интензивно. Според овие наоди (добиени преку т.н. палеомагнетчко истражување преку аргон-аргон датирање) се покажало дека процесот на последната смена од 180 степени на магнетното поле на Земјата, кое се случило пред 786 илјади години, завршил за само 100 години. На ова му претходел период од 6 илјади години на нестабилност на полето.

Дополнително што се увидело од истражувањата е дека се потврдува претпоставката за сегашното слабеење на магнетното поле (околу 5% по декада) и поради наодот дека смената на магнетното поле може да се случи за толку кратко време, се претпоставува дека може повторно да настане смена на половите во текот на следниот век. Кога магнетното поле тргнува кон процесот на смена на половите, тоа постепено слабее и на крајот магнетните полови ја менуваат својата позиција.

Земјиното магнетно поле кога е нормално и при смена, според симулациите на НАСА

Ваквата смена не би требало да предизвика поголеми потешкотии за животот на Земјата и за луѓето, но би можело да направи одредени проблеми во електричната мрежа која би можела да биде преоптоварена во некои сегменти. Исто така, слабеењето ја намалува заштитата од космичките зрачења на Земјата што би можело да резултира во благ пораст на одредени типови на рак дури не се врати јачината на полето.

Инаку, пред да се случи смена на Земјените магнетни полови, силината на магнетното поле постапно опаѓа. Се претпоставува дека магнетното поле пред последната смена опаднало за околу 5%.

Извор: RT, Yahoo News

Претходна статијаВодич за заштита на дигиталната приватност
Следна статијаSkype воведува можност за цртање во пораките, на почеток достапна само на Windows Phone