Научниците од три универзитети, King Abdullah University of Science and Technology, University of Jeddah и University of California, Berkeley, развија и презентираа нов тип на соларна ќелија која треба да ги реши некои од проблемите на сегашните.

Како главен проблем на стандардните соларни ќелии се позицијата на сонцето, прашината која се наоѓа на нив, па сето ова се додава на ефикасноста на собирање на енергија од сонцето која во оваа фаза на развој на технологијата во светот е далеку од 100%.

Новите ќелии се сферични по форма со што позицијата на сонцето веќе не е голем фактор, а и материјалот од кои се направени е подобро заштитен од собирање на прашина и други работи.

Видеото каде се презентираат овие нови ќелии можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статија(НЕ)Праведноста на даночната реформа
Следна статијаСтриминг сервисите во САД за првпат ги надминаа кабелските оператори на телевизискиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.