Фото: Shutterstock.com

Сервисите за стриминг на филмови и серии сигурно би помислиле дека веќе одамна ги имаат надминато кабелските оператори, кога ќе се земе во предвид нивната популарност. Тоа сепак за првпат се случи овој јули, барем во САД, но веруваме дека ситуацијата не е многу различна и во другите земји.

Од јули оваа година, стриминг сервисите во САД имаат пазарен удел од 34,8%, додека кабелските оператори 34,4%, со што за првпат стриминг сервисите се на првото место кога е во прашање гледањето на телевизија.

21,6% од пазарот го држат телевизиите кои ја емитуваат својата програма на стариот начин преку „антени“, а ставени се и останати видови со 9,2% пазарен удел.

Успехот на стриминг сервисите е доста поголем и од времето на полициските часови на почетокот на пандемијата, па корисниците имаат гледано во просек 190,9 милијарди часови во јули, за разлика од 169,9 милијарди часови во април 2020.

Бројките за гледаноста ги објавува познатата агенција Nielsen и истакнуваат дека големиот успех се должи на растот на гледачи на поединечните сервиси и неколку филмови и серии. Како пример ги даваат Stranger Things на Netflix, како и The Umbrella Academy и филмот The Gray Man. Amazon Prime Video ги има успешните серии The Boys и новата Terminal List, а Hulu ја има Only Murders in the Building која кај нас може да се гледа преку Disney+.

За растот на стриминг сервисите треба да се земе во предвид и достапноста на кабелските канали онлајн преку YouTube TV, Hulu Live, а свои сервиси нудат и дел од кабелските оператори во земјата.  

ИЗВОРNielsen
Претходна статија(Видео) Нови сферични соларни ќелии овозможуваат поефикасно искористување на сончевата енергија
Следна статијаHUAWEI WATCH GT 3 Pro е најдобриот паметен часовник за 2022-2023 година според EISA
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.