Фото: SpaceX

Во текот на вчерашниот ден, SpaceX го направи единаесеттото тест лансирање на нивното најголемо и најмоќно летало, Starship. Ова е и последното тест лансирање на оваа верзија од Starship, по што наредните лансирања ќе продолжат со наредната, односно трета верзија. 

Лансирањето е успешно извршено на двата дела од Starship, кои се развиени да бидат повторно употребливи, но тестот не вклучуваше нивно фаќање од страна на кулата од каде се лансирани. 

Вчерашното лансирање е и годишнина од првото успешно фаќање на ракетата Super Heavy, која е долниот дел од Starship, од страна на кулата наречена Mechazilla. 

Тест лансирањето беше стандардно извршено во две фази, односно лансирање на Super Heavy и Starship леталото, по што следува издвојување на Super Heavy и продолжување на летото на Starship. 

Двете летала беа успешно вратени на Земјата, а дури беше демонстрирана и можноста за „лебдење“ на Super Heavy пред исклучување на сите мотори и пад во океанот. 

Снимката од преносот во живо можете да ја погледнете во продолжение. 

ИЗВОРSpaceX
Претходна статијаЗаврши поддршката за Windows 10
Следна статијаTP-Link објави успешно тестирање на Wi-Fi 8 конекција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.