Фото: SpaceX

SpaceX во текот на вчерашниот ден го направија петтиот тест лет на нивното најголемо летало Starship. Вчерашниот ден ќе остане запаметен во историјата на компанијата како еден од најуспешните и може да се спореди со првото успешно слетување назад на земјата на Falcon 9 ракетата. 

Од компанијата развија целосно нов начин на слетување на ракетите, конкретно во овој случај за ракетата која го носи Starship до „вселената“, Super Heavy. Наместо ракетата да слета на платформа, како што тоа досега го правеа од SpaceX, а и уште се прави за Starship леталото, Super Heavy може да се каже дека беше „фатена“ при процесот на слетување. 

Процесот на фаќање на ракетата беше направен од страна на механичките раце од кулата со име „Mechazilla“. Овој начин на слетување ги донесе SpaceX и нивниот Starship уште поблиску до целта на развој на ракети и летала кои можат да се употребуваат повеќе пати. 

Може да се каже дека една од главните причини за популарноста на SpaceX е токму успехот во развојот на ракети кои можат да се употребуваат повеќе пати поради можноста да слетаат назад на Земјата. Ова донесува до огромно намалување на трошоците за лансирање во орбитата, па не е ни чудо што компанијата има доста работа изминатите години. 

Starship леталото по успешното одвојување и слетување на Super Heavy ракетата продолжи со тестирање на шесте Raptor ракети и успешно слета назад на Земјата на планираната платформа. 

„Пред да биде фатен, Старшип изведе уште едно успешно одвојување со топло-стартување, палејќи ги шесте мотори Раптор и завршувајќи го искачувањето во вселената. Продолжи да се движи по планираната траекторија на другата страна од планетата пред да изведе контролирано повторно влегување, поминувајќи низ фазите на максимално загревање и максимален аеродинамичен притисок, пред да изврши превртување, согорување за слетување и спуштање во вода во целната област во Индискиот Океан. Тестот на летот заврши со спуштање во вода 1 час, 5 минути и 40 секунди по лансирањето.“ – истакнаа од SpaceX. 

„Целиот тим на SpaceX треба да се гордее со инженерскиот подвиг што го постигнаа. Светот беше сведок на тоа како ќе изгледа иднината кога Старшип ќе почне да превезува екипаж и товар до дестинации на Земјата, Месечината, Марс и подалеку.“ – додадоа од SpaceX. 

Целата мисија беше пренесувана во живо, а можете да ја погледнете во продожение. 

ИЗВОРSpaceX
Претходна статијаРаботилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово
Следна статијаApple има нова стратегија за пазарот на паметни домови и повторно ќе се обиде со неколку нови производи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.