Многу луѓе, претежно мажи, имаат проблем со опаѓање на косата и ќелавост. Како причина за ова често се предложува тестостеронот кој во комбинација со други хормони влијаат на тоа матичните клетки кои се сместени на главата на престанат со создавање на нови влакна, што постепено води кон губење на косата.
Обично не постои задоволителен лек за оваа состојба и тој што сака да му се врати изгубената коса често се подвргнува на пресадување на коса од друго место на телото, што чини многу и трае подолг период. Па сепак, изгледа дека некаков спас за оваа ситуација е на повидок.
Еден истражувач на рак, Д-р Мирна Перез Морен од Шпанскиот национален центар за истражување на рак, при тестирање на противвоспалителен лек врз глувци увидела дека на местото каде бил доставен лекот кај експерименталните глувци им пораснало повеќе крзно. Кога анализирале зошто настанал овој ефект, истражувачите сфатиле дека растот на нови влакна бил поттикнат од таканаречените макрофаги, кои се дел од имунитетниот систем и кои се создаваат од моноцитите (еден тип на бели крвни зрнца).
Функцијата на макрофагите е да се борат против разни напаѓачи и лоши појави, како клетките на рак. Имунитетниот систем на местата каде постои рак реагира со воспаление на ткивото, а макрофагите преку процесот на фагоцитоза ги уништуваат клетките на ракот. Тоа што било неочекувано е што макрофагите во овие ткива ја стимулирале работата на матичните клетки кои се одговорни за создавање на влакна, и токму овој бил процесот одговорен за зголемениот раст на крзно.
Истражувачите се надеваат дека ќе можат да го искористат овој случајно откриен процес за да почнат со процес на регенерација на човековата коса, преку поттикнување на имунитетниот систем на кожата на главата, кој пак ќе го поттикне зголемениот или нов раст на коса. Тоа секако ќе биде поздравено од стотици милиони мажи ширум светот кои од петни жили се обидуваат да ја преформираат косата која им останала или кои се приморани да се избричат целосно.
Извор: DailyMail