2589AC6900000578-0-image-a-6_1423574130815

Нашиот имунитетен систем е една сложена „апаратура“ која се бори против најразлични негативни внатрешни и надворешни појави. Има многу патогени кои го напаѓаат телото или се паразитски настроени кон нашето тело, а нашиот имунитетен систем ги лови и ги уништува пред да направат поголема штета на телото. Од друга страна, понекогаш се појавуваат внатрешни негативни состојби како што е заболените клетки од рак, кои повторно биваат уништени од имунитетните клетки.

Имунетот сепак не е совршен. Помага ако го тренирате редовно да се бори против негативните појави, но колку и да го тренирате тој нема способност да се бори против се` ефикасно. На пример, ХИВ вирусот е таков надворешен неранимајко кој ги напаѓа специфично имунитетните клетки кои треба да се борат со него, ги преработува за да прават копии од вирусот, а потоа ги уништува и на тој начин постапно го ослабува имунитетот на човекот кој потоа умира од некоја друга болест.

Борбата против најразличните патогени се помага со антибиотици па и сега веќе со разни антитела и терапии базирани на белковини (протеини). Проблемот со ваквите терапии е што за денешните стандарди стануваат недоволно ефикасни, а воедно најчесто треба да се инејктираат со игла во телото бидејќи антителата се преголеми за да бидат апсорбирани низ гастроинтестиналнит тракт. Понатаму, тие не се создаваат баш лесно бидејќи треба да дојдат од биолошки, органски извори.

Од друга страна, тимот на еден хемичар, Др. Дејвит Спигл при Yale унивезитетот моментално работи на создавање на т.н. синтетички мимичари на антитела (СМА). Ваквите СМА имаат цел да се врзуваат за патогените и за клектите од имунитетниот систем, и така да им предочат на имунитетните клетки дека постои патоген кој треба да се уништи. Овие молекули се во форма на Y буквата и патуваат низ телото барајќи да се врзат на некој патоген или заболена клетка.

Нашиот имунитетен систем веќе употребува вакви „врзувачи“ за да ги означи патогените како би имунитетните клетки можеле да ги пронајдат и распаднат, но не е доволно ефикасен во истото. Користејќи го овој метод, со создавање на синтетички антитела, ние ќе може да ги имитираме природните и да му помогнеме на организмот да се бори. Од друга страна, поради тоа што се 20 пати помали од антителата кои доаѓаат од природни извори, можат да се сместат во апче кое ќе го голтнете – место да се прима инјекција.

Ваквиот начин на борба може да се прилагоди за борба со многу различни појави, на пример, против ХИВ, против Хепатит, разни бактерии, клетки од рак… Моментално постои испитување на модел со експериментални глувци, а се очекува наскоро да почнат и клиничките тестирања на луѓе. Ова е уште еден чекор кон тотално лечење на организмот и остварување на долговечен и квалитетен живот, ако не и функционално бесконечен.

Извор: Scientific American, DailyMail, Medical Daily

Претходна статијаOffice со поддршка за повеќе cloud сервиси
Следна статијаХард дискот на вашиот компјутер можеби во моментов ве шпионира