Фото: NASA

Роверот „Perseverance“ успешно слета на Марс во 2021 година. Уште од самиот почеток овој ровер ја има целта да ја истражува околината на Џезеро кратерот на Марс, за каде се верува дека порано на тој дел имало река, а се смета како можна локација за откривање на докази за живот на планетата. 

Претпоставките за овој дел од црвената планета изгледа ќе се погодат како точни, па од NASA објавија дека од примероци земени од страна на роверот минатата година, можат да испаднат дека се доказ за древен микробен живот. 

Супстанци и структури кои се најдени на конкретниот примерок од камен, можно е да се од биолошко потекло, односно да се направени и оставени од страна на микробски живот. 

Сепак, од NASA истакнуваат дека за потврда на ова откритие потребни се дополнителни податоци и истражување пред да биде донесен било каков конечен заклучок. 

Детали од тоа што е откриено веќе се објавени во Nature, каде што точно се опишува зошто научниците се надеваат дека со ова ќе се докажат поволните услови за живот на планетата пред повеќе илјадници години. 

„Ова откритие на „Perseverance“, лансиран под претседателот Трамп во неговиот прв мандат, е најблиску што некогаш сме се доближиле до откривањето живот на Марс. Идентификувањето на потенцијален биолошки потпис на Црвената планета е револуционерно откритие кое ќе го унапреди нашето разбирање за Марс“, рече вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи. „Посветеноста на NASA за спроведување на науката „Златен стандард“ ќе продолжи додека ја остваруваме нашата цел да ставиме американски чизми на карпестата почва на Марс.“

Причината поради која се верува дека е најден доказ за живот, но ќе мора дополнително да се истражи е поставеноста на одредени минерали распоредени на начин кој што доаѓа по контакт по случување на хемиски и физички реакции. Два минерали богати со железо се откриени во сликите со висока резолуција, вивијанит и грејгит. 

Се верува дека комбинацијата на овие минерали е формирана преку реакции на пренос на електрони помеѓу седиментот и органската материја, а тоа е потенцијален отпечаток на живот, кој ги користел овие реакции за производство на енергија. 

Овие минерали сепак можат да се формираат и без постоење на живот, преку високи температури во кисели услови. Тоа што дава надеж на научниците е што во овој дел на карпите нема докази за високи температури и кисели услови, па надежта е дека сепак формирањето е направено поради микробски живот. 

ИЗВОРNASA
Претходна статијаДојди во светот на твојата омилена содржина со Samsung Vision AI
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.