Фото од fernando zhiminaicela преку Pixabay

Една од поважните теми кога е во прашање новиот коронавирус е колку долго останува имунитетот по заболувањето. Ова е важно секако поради можноста луѓето повторно да се заболат, а уште поважно за планирањето на вакцините кои изгледа ќе ги имаме од почетокот на идната година.

Верувањето досега беше дека имунитетот по оздравување останува доста кратко, околу два до три месеци, а имаше и некои истражувања кои открија дека ова може да биде и до шест месеци.

Можеби „мааната“ на тестирањето на имунитетот е што се прави преку количината на антитела, кои секако се важни во борбата на организмот со вирусите, но не се единствените. Тука се и клетките кои ги уништуваат инфицираните клетки, како и тие кои ги „произведуваат“ антителата.

Сите овие заедно треба да се гледаат кога се проценува дали некој има и колку време имунитет, а со оглед дека ова е нов вирус, не е чудо што уште не може да се имаат дефинитивни заклучоци.

Едно истражување кое уште не може да се смета за потврдено и докажано, истакнува дека имунитетот може да трае и цела година, па можеби и повеќе години. Вакво нешто е веќе забележано кај претходниот коронавирус кој имаше шанса да прерасне во пандемија, односно SARS-Cov.

Подолгорочниот имунитет може да придонесе кон тоа да се намалат шансите од посериозна форма на болеста, а се истакнува и дека овој коронавирус остава доволно време пред да појави симптоми, да организмот се избори пред тоа.

Информациите од ова најново истражување, кое ги објави The New York Times, се доста важни за тоа какви одлуки ќе се носат идната година, а оваа веќе слободно може да сметаме дека помина во знакот на вирусот.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаFirefox 83 донесува подобрување на перформансите и HTTPS-Only режим на отворање на страните
Следна статијаКонференција “Жените лидерки во бизнисот – Трансформација на бизнисот и животот“ во рамки на Глобалната недела на претприемништво
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.