Мислите дека на Сибир е ладно? Веројатно не сте дошле во допир со најновите вести од МИТ Универзитетот од САД, каде научниците успеаја да ја намалат температурата на атоми на најниска точка досега – милион пати поладно од вселенскиот вакуум.
Ако ова ништо не ви значи, да ви предочиме во конкретни бројки: постигнатата температура била 500 нанокелвини, што е веднаш над апсолутната нула (-273,15 целзиусови степени), најниската можна температура. Како било постигнато ова? Со помош на комбинација од техники за ладење.
Имено, температурата на сите материјали или засебни атоми и молекули зависи од нивното движење. Со колку помала брзина се движат тие и/или нивните спинови, толку помала температура имаат. Научниците прво употребиле стандарден начин за намалување на температурата до суперниски температури преку брзо испарување на вода. Ваквата техника може да ја доведе температурата само до одреден степен, а потоа мора да се применуваат други начини на ладење.
Следниот начин на ладење кои го искористиле за да се постигне рекордот е со ласери. Иако изгледа чудно, земајќи ги предвид карактеристиките на ласерот и начинот на кој бил употребен, тоа не е толку чудно. Имено, ласерот емитува светлина само со една бранова должина, и лесно е да се контролира да ја смени на посакуваното ниво и конзистентно.
Како што ќе изјави Д-р Дејв Голдберг, „Ласерите имаат многу специјална – некој би рекол, дефинирачка – карактеристика; целата светлина е емитирана на апсолутно истата фреквенција. Нормално, неутралните атоми немаат воопшто интеракција со светлината се` додека фреквенцијата е точно погодена. Но ако атомот лета кон изворот на светлина, светлината ќе се смени во фреквенција поради Доплеровиот ефект, и светлината ќе изгледа дека има повисока фреквенција него што навистина има. Атомот апсорбира фотон со пониска енергија него што би инаку. Па ако го наштимам мојот ласер малку пониско, брзодвижечките атоми ќе ги апсорбираат тие, и кога понатаму ќе емитуваат фотон во различна насока, тие во просек ќе изгубат енергија. Направи го ова повторно и повторно и повторно (и продолжи да го штимаш ласерот во процесот), и можеш да го изладиш гасот до температури на помалку од наноКелвин, едно милијардито делче од степен“. Ова повторено доволно пати успешно ја намалува температурата до неверојатни граници, како што било постигнато со спој (молекула на гас) на натриум и калиум.
Научниците го објавиле ова достигнување во Physical Review Letters.
Извор: IFLScience, MIT, io9