Откривањето на нови планетарни системи му даваат на човештвото надеж дека можеби на некој од нив, при токму прецизно исполнетите погодни услови, можеби се има развиено жив свет. Ваквото испитување е многу тешко и досега се правеше рачно, преку анализирање фотографии во огромна резолуција од разни ѕвездени системи и барање за постоење на планети преку забележување на таканаречениот Доплеров ефект.
Неколку научници од Лик набљудувачката станица испрограмирале софтвер наречен Automated Planet Finder (APF) кој автоматски бара за промени во фреквенцијата предвидени со Доплеровиот ефект. Со тоа тие повеќекратно го намалиле потребниот труд за пронаоѓање на нови планетарни системи.
За да докажат дека нивниот софтвер работи, тие откриле нов планетарен систем на само 54 светлосни години оддалеченост, HD7924. Во 2009 година преку макотрпна работа тие откриле само една планета во овој систем со орбитален период од само 5 (!) дена. Според логиката – каде има една планета обично има повеќе – тие го искористиле софтверот за анализирање на податоците од HD7924, што резултирало во пронаоѓање уште две планети со орбитални периоди од 15 и 24 дена.
Големината на овие планети е отприлика 7-8 пати од Земјата и се наоѓаат невообичаено многу блиску до нивната ѕвезда. Ѕвездата емитува помалку од две петини од јачината која ја емитува Сонцето, но на толку блиска поставеност нивната површина е едноставно презагреана за да може да постои живот налик тој на Земјата.
Како и да е, новиот софтвер ќе им овозможи на астрономите многу побрзо откривање на нови планети и набљудување за можното откривање на жив свет на нивната површина.
Извор: IFLScience, NPR