8309650_G

Плутон, предходно познат како планета, а денес како џуџе-планета, која е дел од „блиските“ тела во нашиот сончев систем. Досега немавме шанса да го видиме Плутон од блиску, па разни сонди кои летаа во сончевиот систем го фотографираа од далеку, секако со недоволно детали и со застарена технологија.

Сондата New Horizons во меѓувреме продолжи да ита кон ова џуџе-планета, и на 14-ти Јули (вчера) пролета веднаш покрај него на близина од 12.500 километри, што е една неверојатно блиска патека и историски момент никогаш досега остварен. Неколку часа пред да пролета покрај Плутон New Horizons направи фотографија во боја од него која изгледа апсолутно запрепастувачки. Плутон е кремаво-црвен, а на неговата површина има некоја форма која личи на срце (погледнете ја сликата горе).

New Horizons продолжува да „скита“ надвор од сончевиот систем и ќе го испитува Кајперовиот појас, а предходно помина во близината на еден астероид и на Јупитер, што и` овозможи да ја зголеми брзината на 4 км/с. Додека скита ќе продолжи да праќа информации со своите сензори и фотографии, па очекуваме да видиме уште нови и интересни призори од вселената и нашиот систем. New Horizons беше лансирана во 2006 година, а тек по 9 години пристигна до Плутон движејќи се со големи брзини (3-4 км/с) што може да ви даде некоја слика за големината на нашиот сончев систем и оддалеченоста на објектите во него.

Извор: Space, The Verge

Претходна статијаOaxis – млада компанија која може значително да ви помогне да го подобрите вашето здравје
Следна статијаГолемиот хадронски судрувач откри нова честичка – пентакварк