Водата е предуслов за создавање на жив свет од наш т.е. органски тип. Марс е планета која има многу лоши услови за создавање и оддржување на жив свет, во главно поради големите екстреми на температури, непостоењето на заштитна атмосфера, и екстремната сувост на атмосферата. Сепак, мисиите на Марс открија остатоци од канали кои можеби се создадени од антички реки и мориња кои харале по неговата површина.
Пред некое време на површината на Марс слета Curiosity (Љубопитност), самоуправувачкото возило-сонда на NASA, кое има мисија да ја истражува површината за различни индикатори. Еден од нив е постоењето на вода на површината или под неа, нешто што изгледа Curiosity го потврди.
Имено, сондата со анализа на почвата од површината пронајде дека таа е влажна со соли во течна состојба што би значело дека постои вода во течна состојба во самата почва. Ова беше откриено во Гејл кратерот на Марс, кој е кратер со дијаметар од 154 километри и висина на работ од скоро 5 метри. Комбинацијата на сол (перхлорат) и вода овозможува на водата да и` се спушти точката на топење и до -70 степени целзиусови, и да не биде замрзната во екстремно ладните услови на Марс туку да остане течна.
Вода во течна состојба има сосема друго значење за потенцијалот за жив свет. Нажалост, површината на денешен Марс е екстремно неповолна за постоење на основен жив свет од типот на едноклеточни организми, бактерии, вируси и слично. Поради тоа што нема заштитна атмосфера тој е под постојано бомбардирање со УВ зраци од сонцето кои се екстремно штетни за живиот свет, а можат да продрат до 1 метар длабочина во почвата. Екстремната сувост е исто така огромен проблем. Според анализите, ако Марс имал жив свет тој изумрел пред 1 милијарда години бидејќи тој ја изгубил заштитната атмосфера и гравитација пред 4 милијарди години.
Токму затоа наоѓањето на вода во течна состојба, макар и под површината, е значаен пронајдок кој може да имплицира подобри услови за настанување и одржување на едноставен жив свет на Марс. Овие наоди ќе послужат и за анализирање на историската еволуција на Марс, од каде дошол и накаде ќе се движи.
Извор: RT, Cnet, The Guardian