Фото: NASA

Како дел од Artemis мисијата на NASA, која како крајна цел го има враќањето на луѓе на Месечината, од организацијата вршат истражувања на делови од овој природен сателит на Земјата за работи како мраз. 

Ваквото истражување се прави преку „VIPER“, односно Volatiles Investigating Polar Exploration Rover, а ова возило би требало да ги истражува јужните делови од Месечината кои се на темната страна. 

Blue Origin ќе го користат нивното Blue Moon Mark 1 летало, кое веќе е избрано за мисија на NASA за поставување на камери на Месечината, кратко кажано.

Мисијата за слетување на роверот на Месечината е планирана за крајот на 2027 година, а леталото кое ќе се користи веќе е во производство. 

Целта на ова истражување на Месечината е поради плановите NASA повторно да слета луѓе на Месечината, а овој сателит би се користел и како база за идни мисии на Марс. 

„NASA е посветена на проучување и истражување на Месечината, вклучително и на учење повеќе за водата на површината на Месечината, за да помогне во утврдувањето како можеме да ги искористиме локалните ресурси за идно човечко истражување“, рече Ники Фокс, помошник-администратор, Дирекција за научни мисии, седиште на NASA во Вашингтон. 

„Потрагата по испарливи материи на Месечината игра клучна улога во истражувањето на Месечината од страна на NASA, со важни импликации и за науката и за човечките мисии под Артемис“, рече Џоел Кирнс, заменик-администратор за истражување, Директорат за научни мисии, седиште на NASA. „Оваа испорака би можела да ни покаже каде најверојатно ќе се најде мраз и каде е најлесно да се пристапи до него, како иден ресурс за луѓето. А со проучување на овие извори на вода на Месечината, добиваме и вреден увид во дистрибуцијата и потеклото на испарливите материи низ Сончевиот систем, помагајќи ни подобро да ги разбереме процесите што ја обликувале нашата вселенска средина и како еволуирал нашиот внатрешен Сончев систем.“

ИЗВОРNASA
Претходна статијаMediaTek го претстави нивниот Dimensity 9500 чип со подобрувања кај сите карактеристики
Следна статијаGemini for TV ја донесува вештачката интелигенција кај телевизорите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.