Artemis проектот од NASA е составен од повеќе мисии кои во наредните неколку години треба да го вратат човекот на Месечината, нешто што на долгорочен план ќе ги постави основите за пат до Марс.

Првата мисија, Artemis I, беше успешно завршена минатата година, поточно во декември. Тогаш Orion леталото, кое беше лансирано на SLS ракетата, успешно направи неколку кругови околу Месечината, без да слета и се врати назад на Земјата.

Успехот на оваа мисија беше клучен за втората, односно Artemis II, мисија која овој пат ќе вклучува и астронаути. Сепак, овие астронаути исто така нема да слетаат на Месечината, а тоа е оставено за третата, Artemis III, која ќе привлече големо внимание.

NASA, заедно со канадската CSA, ги избраа и претставија четворицата астронаути кои ќе бидат дел од Artemis II, мисија која би требало да биде лансирана идната година.

„Екипажот на Artemis II претставува илјадници луѓе кои неуморно работат за да не доведат до ѕвездите. Ова е нивната екипа, ова е нашата екипа, ова е екипажот на човештвото“, изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон. „Астронаутите на НАСА, Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Хамок Кох, и астронаутот на CSA Џереми Хансен, секој има своја приказна, но заедно го претставуваат нашето верување: E pluribus unum – од многуте, едно. Заедно, воведуваме нова ера на истражување за новата генерација ѕвездени морнари и сонувачи – генерацијата Artemis“.

Од NASA истакнуваат дека преку Artemis мисиите ќе се користат иновативни технологии за истражување на површината на Месечината подобро од било кога досега.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од NASA преку кое се претставени астронаутите кои ќе бидат дел од Artemis II мисијата.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаТим Кук од Apple ги кажа своите ставови за уредите за проширена реалност
Следна статијаMotorola Edge 40 Pro доаѓа со Snapdragon 8 Gen 2, 165 херци стапка на освежување и брз полнач со 125 вати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.