Andromeda_Galaxy_(with_h-alpha)

Андромеда галаксијата е најблиската галаксија до нашата, односно до Млечниот пат, од групата на поголеми галаксии. Долго време сметано дека нашата галаксија е најголемата во групата наречена Локална група, која што е составена од околу 50 галаксии. Најновите истражувања покажуваат дека Андромеда сепак е најголемата со скоро дупло повеќе ѕвезди од Млечниот пат.

Според некои истражувања нашата галаксија и Андромеда ќе се судрат во далечната иднина и ќе креираат целосно нова галаксија која што ќе ги промени целосно постојните сончеви системи.

На 5-ти Јануари оваа година, NASA и ESA користејќи го познатиот Hubble телескоп, ја имаат направено до сега најголемата слика од Андромеда галаксијата. Истата е направена во резолуција од 69.536 x 22.230 пиксели, односно 15 милијарди пиксели, а фајлот од сликата е со големина од 4,3 GB.

Во видеото во продолжение можете да го видите разгледувањето на галаксијата преку оваа слика, што дава уникатен поглед на тоа како изгледаат тие од оваа далечина. Видеото беше презентирано од страна на Elon Musk преку Twitter каде што напиша: „Универзумот е навистина, навистина голем“.

Претходна статијаПаметните часовници забранети во некои британски универзитети
Следна статијаВнатрешното јадро на Земјата е всушност поделено на две јадра
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.