missinglinkf_0

Некои од нас можеби се чуделе и набљудувале со стравопочитување како имунитетниот систем се бори против надворешни и внатрешни закани. Разбирањето што е непријател, неговото лоцирање и започнување со борба… сето тоа се акции кои личат како одбранбениот систем да има свој мозок со кој активно и адаптивно се бори против разни непријатели.

Дополнително, само што беше откриено дека имунитетниот систем има директна врска со мозокот и го штити и него од најразлични лоши појави. Оваа директна врска е во облик на лимфни садови низ кои патуваат имунитетни клетки од течноста на `рбетот до мозокот. Интересното е што овие садови го избегнуваат своето откривање повеќе стотици години на развивање на анатомијата. Тоа го „извеле“ така што се затскриени зад голем крвен сад, а лимфната течност е проѕирна и тешко се забележува на стандардни скенови и анатомски анализи.

Научниците кои работеле на истражувањето повикале цел тим на други научници за да го потврдат постоењето на овие садови, кои започнуваат од кај двете очи, па потоа се распространуваат нагоре веднаш до синусите во черепот, по што продолжуваат надоле по вратот. Според авторите, самите садови „Ги прикажуваат сите молекуларни знаци на лимфатични ендотелиални клетки, се во можност да носат течност и имунитетни клетки од цереброспиналната течност, и се поврзани со длабоките цервикални лимфни јазли“.

Со ваквото откритие се даде уште еден посилен доказ во редовното постоење на имунитетни клетки во мозокот, нешто што досега се одбива како неосновано. Дополнително, се даде можен фактор за придонес кон заболувања на мозокот кои можеби поттекнуваат од автоимуна реакција, како на пример, алцхајмеровата болест или пак мултипл склерозата. Откритието ќе ги натера научниците и професорите да прават ревизија на книгите по анатомија, кои сега ќе бидат изменети за овој факт.

Лимфните садови и јазли се систем на садови кои често се наоѓаат во паралела на крвните садови и имаат функција да ги пренесуваат имунитетните клетки од едно до друго место во организмот. Течноста по која тие патуваат се вика лимфа и е проѕирна па затоа тешко се гледа на нормални скенови. Лимфните садови претставуваат есенцијален дел од имунитетниот систем на телото и дури систем во систем кој самостојно презема акции и се бори против непријатели како што се бактерии, вируси, нечистотии и други непосакувани појави.  Досега се сметаше дека само мозокот е орган кој не е директно поврзан со лимфните садови, но ваквиот наод веројатно ќе треба да биде променет во новата состојба на работите.

Извор: IFLScience, Business Insider, Neuroscience News

Претходна статијаAMD ги претстави новите Carizzo процесорски единици
Следна статијаDell претстави два супер евтини лаптопи со Linux