dell-inspiron-14-3000-ubuntu-primary-100589215-large

Поради целата галама што ја дигнаа Microsoft со новиот Windows 10, Apple со новиот MacBook, но и агресивниот Google со Chrome OS оперативниот систем, малку подзаборавивме дека во компјутерскиот свет има уште еден сериозен играч од Linux сцената, а тоа е Ubuntu.

Отворениот оперативен систем и натаму добива поддршка од производителите, особено кај поевтините модели на лаптопи, а поради тоа што е целосно бесплатен за користење, што значи дека може да се купи лаптоп со подобри перформанси, а пониска цена во однос на конкурентите. Секако, кај нас оваа реалност е малку искривена, бидејќи сите што ќе купат лаптоп со Ubuntu инсталираат Windows на него (најчесто нелиценциран), но за тоа ќе зборуваме друг пат.

inspiron_15_scene7-100589245-orig

Новите два модели кои ги претстави Dell, доаѓаат со инсталиран Ubuntu оперативен систем и имаат супер ниски цени од 219 долари за 14 инчниот, односно 249 долари за 15 инчниот модел. И двата модели ќе можат да се опремат со Celeron N2840 или Pentium N3540 (со доплата) процесорите на Intel, како и со 2 GB или 4 GB рам меморија. Сите модели се опремени со хард диск со големина од 500 GB.

Dell Inspiron 14 3000 и Inspiron 15 3000 се опремени и со читач за SD картички, HDMI излез, USB 2.0 и 3.0, како и HD веб камера. Тастатурата и кај двата модели е со стандардна големина, со тоа што поголемиот модел има и нумеричка тастатура отстрана. Дисплеите имаат резолуција од 1366х768 пиксели, што е стандард во класата.

Со оглед на цената по која се нудат, новите модели од Inspiron серијата на Dell ќе бидат одлични лаптопи за оние кои не бараат сериозна машина и им треба компјутер за извршување обични секојдневни задачи, како сурфање на интернет и слично. Секако, тука помага и Linux оперативниот систем, кој е полесен и не бара моќен процесор и многу рам меморија за мазно работење.

Извор: PC World

Претходна статијаПронајдени лимфни садови кои претставуваат директна врска меѓу имунолошкиот систем и мозокот
Следна статијаНа повидок еко-чипови направени од дрво