Фото: Shutterstock.com

Сателитите од SpaceX на Елон Маск, Starlink, во ниската орбита на Земјата ги има повеќе илјади, а на корисниците им овозможуваат брз интернет пристап од било која локација. 

Кинески научници развиле метод како да ги искористат овие сателити за да можат да откријат „невидливо“ летало, односно „стелт“ летало. Овие летала секако не се навистина невидливи, па поради материјалите кои се користат и нивната поставеност успеваат да бидат невидливи за радарските системи. 

Начинот на којшто кинеските научници ги искористуваат сателитите од Starlnik е преку детектирање на пречките кои се појавуваат на електромагнетните бранови кои доаѓаат од нив кога некој објект поминува. 

Со анализирање на овие пречки научниците успеваат да ја откријат и нивната точна локација со што успешно ја откриваат присутноста на некаков објект. 

Тестирањата на системот биле направени со помош на DJI Phantom 4 Pro беспилотно летало, односно дрон кој е доста мал и не може да се открие од радарските системи. 

Овој систем се’ уште е во фаза на развој и тестирање, па засега не се употребува, но јасно е дека во иднина може да се очекува употреба за воени цели и откривање на леталата како познатите F-22 и F-35. 

ИЗВОРTom's Hardware
Претходна статијаВо петок, на 20.09.2024, во Охрид започнува големата Балканска Олимпијада по Информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија
Следна статијаWindows App од Microsoft официјално достапна за сите платформи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.