Пред една деценија се појавија првите телефони со внатрешна камера кои нудеа 320 х 240 резолуција. Потоа се појавија камери со 640 х 480 резолуција и после неколку години се појавија првите камери со целосен еден мегапиксел резолуција (1200 х 900 пиксели). Денешните телефони имаат минимум 5 мегапиксели камера, а се` почесто и 8 па дури и над 10 мегапиксели. Со овие камери секако не можете да фотографирате ѕвезди, но се одлични за создавање регуларни фотографии (од одмори, од штотуку родени бебиња и слично).
Од друга страна, американскиот департман за енергија пред малку ја одобри конструкцијата на телескопска камера која ќе поседува резолуција од 3.200 мегапиксели, или 3,2 гигапиксели! Камерата е развиена за телескопот Large Synoptic Survey Telescope и ќе биде наменета за испитување на ѕвездите во неверојатна резолуција. За жал, ќе биде монтиран на Земјата каде има доста проблеми со загаден воздух и облаци.
Сепак, LSST ќе овозможи одлична можност интимно да се ѕирне во космичкото пространство. Уште поинтересно ќе биде тоа што телескопот ќе може да прави 800 фотографии преку вечер, што ќе овозможи многу попрецизно да се следи движењето на ѕвездите. И уште една работа што е навистина интересна е што фотографиите ќе бидат слободни за прегледување за секој со компјутер и Интернет врска. Преку ова, неговите конструктори се надеваат дека јавноста или астрономите-аматери ќе им помогнат за откривање и анализирање на разни вселенски појави без да паѓа целиот товар врз научниците.
Вградувањето на ваква камера нема да биде корисно само за сликање на интересни слики. Таа ќе овозможи пристап до слики кои што ќе можат да се користат за истражување на повеќе вселенски тела, феномени и слично, а исто така ќе овозможи и подобро следење на вселенските тела кои што има можност некогаш да се судрат со Земјата.
Оваа гигантска камера се очекува да стане оперативна во 2022 година и ќе влезе во друштвото на едни од најмоќните камери што се конструирани од човештвото. За жал на општата популација, оваа камера ќе може да фотографира селфиња само од вселената.
Извор: Geek