Pi2ModB1GB_-comp

Втората и подобрена верзија од Raspberry Pi беше претставена оваа недела. Наречена Raspberry Pi 2, оваа мала плоча која што може да се користи за креирање на разни мини компјутери, доаѓа со подобрен процесор кој што сега е четири јадрен и работи на 900 MHz, како и дупло повеќе RAM меморија од 1GB.

Уредите како што е Raspberry Pi се во основа наменети за едукативни цели, односно за користење од страна на програмерите и слично за развивање и тестирање на најразлични апликации, уреди, системи и многу повеќе. Значајна улога во оваа цел игра и цената која што изнесува само 35 долари, нешто што го прави уредот достапен за секој кој што е заинтересиран и би имал потреба од него.

По претставувањето на Raspberry Pi 2, Microsoft најави дека нивниот се’ уште во развој Windows 10 оперативен систем ќе дојде со поддршка за новиот уред. Она што е најважно е што оперативниот систем ќе им биде достапен на членовите на Makers заедницата бесплатно.

Поради фактот што системот е во развој, од компанијата истакнаа дека со повеќе информации ќе излезат во месеците што следат. Исто така Windows 10 ќе биде достапен за корисниците на Raspberry Pi подоцна оваа година, односно кога истиот ќе излезе од развој.

Microsoft поддршката за Raspberry Pi 2 ја овозможува како дел од нивната програма за развој на Интернет на нештата, односно Windows Developer Program for IoT. Развојните алатки од оваа програма исто така ќе им бидат бесплатно достапни на развивачите од заедницата која што работи на развојот на Raspberry Pi.

Инаку, оваа програма на Microsoft е насочена кон развивање на интернетот на нештата во комбинација на Windows.

Извор: Microsoft

Претходна статијаUber и Google стануваат сериозни конкуренти
Следна статијаКамера со 3,2 гигапиксели ќе овозможи уникатен поглед кон универзумот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.