moon-form-d_web

Една од најприфатените теории  за создавање на Месечината е прилично интересна. Имено, според неа, огромен објект со големина на Марс (наречен Теа) удрил во Земјата пред околу 4,533 милијарди години. Ударот не бил директен, но толку моќен што дел од Теа се интегрирал во Земјата (објаснувајќи го огромното Земјино јадро невообичаено за ваквите планети), а дел се откинал заедно со парчиња од Земјата и на крај преку акреција ја формирале Месечината.

Некои научници сметаат дека постоеле две такви тела кои потоа се споиле во еден сателит. Проблемот со ваквата теорија која досега се поставуваше е тоа што составот на Земјата и Месечината е доста сличен, а објектот Теа поставен на токму тоа место, со токму тој состав и токму таа големина за да не се забележува разлика меѓу составот. Според таквите опции, досега процентот на таков настан се сместуваше некаде околу 1% што беше означено како „незгодно мал“.

Па сепак, научникот Д-р Алесандра Мастробуоно-Батисти од Израелскиот институт за технологија смета дека шансите да се случил таков настан се многу поголеми и ги сместува во рангот на 20-40%. Според нејзе, при создавањето на раниот Сончев систем, различните објекти кои почнале да летаат околу Сонцето имале различен состав во зависност од нивната оддалеченост од истото. Па така, денешен Меркур и Венера, како и Јупитер и Сатурн се разликуваат по составот од Земјата бидејќи се наоѓаат на различна одалеченост од Сонцето.

Според Д-р Мастробуоно-Батисти, Теа бил објект кој се формирал на далечината слична на Земјата по одредени односи до Венера, а потоа се поставил на курс за судир со Земјата. Поради тоа Теа имала сличен состав како Земјата, што објаснува зошто не можеме да видиме јасна разлика во составот помеѓу Земјата и Месечината во спој со Теа.

Извор: IFLScience, Huffington Post

Претходна статијаTesla Energy – Амбициозен систем кој има потенцијал да го револуционизира енергетскиот пазар
Следна статијаBitcoin & remittances: Среќен брак?