dnews-files-2015-12-what-a-man-looks-like-to-a-dolphin-151207-jpg

Делфините се прекрасни интелигентни суштества за кои се смета дека се во првите 3 најинтелигентни видови на Земјата (покрај човекот). Тие имаат напреден систем на комуникација, напредни социјални односи, имаат борбени стратегии со кои се бранат од ловци или бранат други видови (како луѓе), се грижат едни за други, па дури се обидуваат да ги оживеат мртвите.

За жал најчесто немаме идеја како овие животни го доживуваат светот туку само добри претпоставки. Сепак, во една нова студија истражувачите успеаа да утврдат како точно гледаат делфините. Нивниот начин на „поглед“ на светот се вика звукосликовен (sonopictorial) преку кој ги гледаат објектите испраќајќи и примајќи звучни бранови под вода, налик класични сонари. Делфините покрај ова имаат способност да комуницираат на овој начин и веројатно да си прикажуваат слики преку звучни бранови еден на друг, што би ја објаснила нивната висока интелигенција и заедништво.

Истражувањето било направено во Dolphin Discovery Center во Мексико каде едниот истражувач Џим МекДоноу влегол во водата, а женскиот делфин Амаја го „гледала“ со своите звучни бранови. Висококвалитетни сензори (CymaScope) ја фаќале оваа звукослика која потоа била толкувана во фотографија. Како што можете да забележите на сликата горе, лево е сликата од сензорот, а десно е исчистената слика.

Ова јасно покажува дека делфините можат да гледаат подводни објекти во огромна резолуција користејќи го нивниот звукосликовен поглед, што им овозможува одлично снаоѓање под вода, избегнување на ловци и наоѓање на храна. Впрочем, во нивните 50 милиони години еволуција не е ни чудно што развиле волку софистициран систем за комуникација.

Извор: Discovery, Ubergizmo

Претходна статијаСе одржа конференцијата „Next generation wireless“
Следна статијаКако да направите GIF анимација од било кое YouTube видео?