Во вест која ќе го потресе светот накај позитивно и ќе помогне да се престане со недораснатата и патетична политика на забрана на користење на канабисот во медицински и други цели (додека во исто време алкохолот и цигарите се дозволени), Националниот институт за рак на САД објави став во поддршка за активните компоненти од ова растение во борбата против ракот.
Нивната изјава гласи вака:
„Лабораториските и животинските истражувања покажаа дека канбиноидите (активните супстанци во канабисот) можеби се способни да убијат клетки на рак додека ги штитат нормалните клетки. Тие можеби можат да го забават растот на туморот преку предизвикување на клеточна смрт, блокирање на клеточното растење и блокирање на развитокот на крвни садови кои им требаат на туморите во растот.“
Делта-9-тетрахидроканабинолот (ТХЦ) и канабидиолот изгледа дека имаат способност да се борат против рак во системот за варење, црниот дроб, градите и други форми на оваа група на болести. На пример, во испитувањата направени врз глувци овие супстанци ги оштетувале или убивале клетките на ракот, и нормално покажале потенцијал за намалување на ризикот од развивање на рак.
Секако, користење на марихуаната во медицински цели не подразбира „дување“. Најефикасниот начин за примање на правилното количество на ТХЦ како лек би бил преку прочистено масло од канабис направено во контролирана средина со почитување на стандарди за квалитет.
Во секој случај, марихуаната е на пат да биде легализирана во светот, особено за медицински цели, а јас би рекол – време е. Ако нејзината легализација е апсурдна, само сетете се дека алкохолот и цигарите се исто така легални, а последниве место да лечат рак го предизвикуваат.
Дотогаш, I Amsterdam знакот нема да биде единствената знаменитост која е посетена од милиони туристи во овој прекрасен град.
Извор: Mirror.co.uk, Metro.co.uk, High Times, Washington Post, Health Impact News, Telegraph.co.uk