Illustration: Jeremy Teaford; photo Anna-Louise Reysenbach

Откривањето на антибиотикот спаѓа во едно од најголемите откритија во медицината кое што целосно го има променето начинот на третирање на разни дотогаш смртоносни болести и повреди. Меѓутоа од откривањето на антибиотикот до денес тој се употребува во толку голема количина за разни потреби, бактериите полека стануваат резистентни. Оваа ситуација може потенцијално да претставува сериозен проблем во иднина, па научниците бараат решение на повеќе начини.

Можно решение за овој проблем во иднина имаат најдено научниците од Vanderbilt University преку истражување на стари едноклеточни микроорганизми наречени Арахеи. Овие микроорганизми се верува дека се едни од најстарите организми кои што имаат живеено и уште живеат во некои од местата со најтешките услови на Земјата, најчесто премногу екстремни за другите видови да преживеат. Подоцнежни истражувања покажуваат дека тие можат да се најдат и во места со поблаги услови, како и во дигестивниот систем на цицачите.

Она што ги прави важни Арахеите во истражувањето поврзано со антибиотиците е откритието дека тие содржат ген кој што го има и во повеќе други видови на организми, одговорен за креирањето на ензим наречен Лизозим кој што има широк спектар на антибактериско дејство. Лизозимот од Арахеите се има покажано како ефикасен во уништувањето на одредени бактерии кои што се дел од групите кои што се станати резистентни на антибиотиците кои што ги користиме.

Причината поради која што Арахеите досега не биле предмет на истражување е поради тоа што тие не предизвикуваат болести кај луѓето, па научниците верувале дека тие воопшто или многу малку имаат интеракција со другите организми поради тоа што имаат живеено во екстремните услови.

Меѓутоа одредени истражувања имаат покажано дека одреден број на бактерии имаат ко-егзистирано со Арахеите во екстремните услови, но и тоа дека Арахеите ги има и во места со поблаги услови. Тоа го дава и објаснувањето зошто овие организми би го имале генот кој што создава ензим кој што убива бактерии, нешто што е резултат на потребата за борба за ресурси помеѓу повеќе организми кои што делат одредена локација.

Извор: Vanderbilt University, Geek

Претходна статијаЏејмс Корни си доби нов сојузник во „Крипто војната 2.0“
Следна статијаGoogle во Македонија!?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.