Неофицијалните информации најавуваат дека Apple планира да претстави нови iPad Pro таблет компјутери овој месец, па доколку ја прашате Siri, тоа навистина ќе биде така.

Иако Apple уште официјално нема испратено покани за настанот, ако ја прашате Siri кога е наредниот Apple настан, таа ќе одговори дека „специјалниот настан е во вторник, 20-ти април, во Apple Park во Купертино, Калифорнија.

За повеќе информации Siri упатува на страната од Apple, но на истата уште нема никаква информација за овој настан, а на посебна страна за настани, уште стојат изминатите настани.

Сепак, се очекува дека Apple денес или во текот на оваа недела официјално ќе го потврди настанот со испраќање на покани.

Како и обично, дури и кога настанот е официјално потврден, Apple не дава информација за што е тоа што ќе биде претставено, па остануваат само неофицијалните информации кои во главно се погодуваат точни.

За настанот идната недела се очекува Apple да претстави нови iPad Pro таблет компјутери кои ќе бидат првите од компанијата кои ќе користат Mini LED екран.

Покрај iPad Pro, можно е и претставување на AirTag, уред како тој што го претстави оваа година Samsung, а е наменет да се постави на привезокот од клучевите, на пример, па потоа лесно да се најдат со мобилниот.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПрвите две сезони на Ozark
Следна статијаМожност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.