1597869_710245525755321_2980027826741538463_o

Silicon Drinkabout Skopje e глобален “afterwork” настан за стартапи и стартап ентузијасти. Настанот има за цел да ја вмрежи и поддржи стартап заедницата во конкретната држава, на забавен и релаксиран начин, без премногу формалности.

Првичната идеја и иницијатива доаѓа од лондонската организацијата 3 beards, која освен Silicon Drinkabout ги организира и настаните “Don`t pitch me bro”, “ Chew the Fat” и “Digital sizzle”.

Silicon Drinkabout во моментот се одржува во 16 градови во 15 држави ширум светот.

За време на настанот присутните гости имаат можност да се запознаат со претставници на стартапи, ИТ компании, со други стартап ентузијасти, како и со инвеститори или специјални гости.

На Балканот Silicon Drinkabout се одржува само во три града, меѓу кои веќе е и Скопје. Идејата на македонските организатори е преку Silicon Drinkabout Skopje да ја поддржат македонската стартап заедница, како и да им помогнат на компаниите побрзо и полесно да се запознаат со млади ИТ специјалисти, стартап ентузијасти и специјалисти по дигитални технологии.

До сега се одржани пет настани, започнувајќи од 23ти Јануари во Кино Карпош, продолжувајќи во Стар Град Пивница на 30 Јануари, потоа Кара Кафе на 6 Февруари , во Винотеката Темов во Старата Скопска Чаршија на 13 фебруари и во Скопје Кафе на 20 фебруари, каде во листата на гостите се појавија и инвеститори од Словенија и Бугарија.

Влегувањето на SIlicon Drinkabout на македонската стартап сцена ги размрда сите луѓе вклучени во неа, како и надвор од неа. Во овој проект гледаме голем потенцијал за уште повеќе развивање на стартап заедницата, преку networking или т.н. вмрежување, што е исуштината на овој настан. Интересот кај луѓето е огромен, со тоа што секој петок бројката на присутните се зголемува.

Во иднина инцијативата Silicon Drinkabout Skopje планира да биде проширена и во другите градови во Македонија со цел да се зајакне стартап заедницата и во останатите делови на Македонија.

Silicon Drinkabout Skopje се одржува секој петок со различно време и локација, а овој петок ќе се одржи Нано Бар (Дебар маало), со почеток во 21.00 часот. А овој пат, гостите можат да очекуваат пријатно изненадување од локалот.

Повеќе информации за организаторите:

Теодос Пејоски
Претприемач, програмер и ко-основач на стартапите G6 и Black. Активен член и поддржувач на македонската стартап заедница и еден од организаторите на Startup Weekend Skopje.

Ева Пиперевска
Онлајн маркетинг специјалист која од декември 2010 година, активно е вклучена во сферата на ПР-от, онлајн маркетингот и дигиталните комуникации во Македонија. Во моментот работи како Product & Digital Marketing Specialist во G6

Антонио Попески
Сериски претприемач, основач и сопственик на ИТ компанија, како и неколку принт и онлајн медиуми. Има работено на повеќе од 250 домашни и интернационални проекти, моментално кон развојот на македонската стартап заедница.

Дознајте каде може да не најдете овој петок на

https://www.facebook.com/SiliconDrinkaboutSkopje
http://3-beards.com/silicondrinkabout/
http://3-beards.com/silicondrinkabout/skopje

Претходна статијаАктивна Wi-Fi антена, која ќе овозможи сигнал низ целата куќа
Следна статија1.000 патишта до слободата?