Samsung закажа настан за идната среда и истиот го носи името Galaxy Unpacked Part 2. Настанот ќе се одржи само онлајн, а ќе може да се гледа преку YouTube каналот на компанијата со почеток во 16 часот по македонско време.

Од најавата не може да се добие претстава што можеме да очекуваме од настанот, односно што е тоа што ќе го претстават од компанијата. Во поканата се истакнува следното:

„Нашите корисници се разновидни и го живеат животот на многу разнобојни, интересни и уникатни начини. Како такви, технологијата која ја користат секој ден би требало да ја отсликува нивната индивидуалност.

Приклучете се на Galaxy Unpacked Part 2 на 20ти октомври и видете како Samsung отвора нови доживувања за себе-изразување преку технологијата.“

Настанот на Samsung е закажан еден ден по настанот од Google на кој ќе ги претстави Pixel 6 уредите, а Apple исто така ќе има свој настан два дена претходно. Првите три денови од идната недела ќе бидат интересни, односно ќе имаме три посебни настани за гледање од Apple, Google и Samsung.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаСмартфоните со 5G ќе претставуваат над 50% од приходите од продажба на мобилни уреди до 2025 година
Следна статијаМакедонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија