Samsung-Unpacked_Invitation_SNS

Samsung почна да испраќа покани за настан што ќе го одржи на првиот ден од Mobile World Congress (MWC) настанот на 24 Февруари 2014 во Барселона. Настанот кој што е наречен Unpacked5 ќе се одржи во 20:00 часот и ќе може да се следи на http://youtube.com/samsungmobile.

Вниманието и очекувањата од овој настан ќе бидат насочени кон претставувањето на веќе долго очекуваниот Galaxy S5 за кого веќе на големо се шпекулира. Името на настанот кој што ја носи и бројката 5 за многу претставува доказ дека новиот Galaxy модел ќе биде претставен. Од информациите до кој што може да се дојде, Samsung одбива да одговори на прашањето што бројката 5 значи во името на настанот, што само ги зголемува очекувањата дека дефинитивно се работи за S5-ката.

Како што можеше да се види од информациите што кружат, од новиот модел се очекува да има целосно нов дизајн, а истото беше и најавено од Lee Young Hee. Покрај новиот дизајн новиот S5 се претпоставува дека ќе има нова Iris технологија за препознавање на окото на корисникот. Исто така се очекува претставување на втора генерација од Gear паметниот часовник. Како што може да се види од информациите, Galaxy S5 се очекува да биде достапен од Април оваа година, што само оди во прилог на можноста да биде претставен на крајот од овој месец.

Претходна статија10 години од основањето на Facebook
Следна статијаMicrosoft официјално го назначи Satya Nadella за CEO на компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.