galaxy-lineup

После многу шпекулации и информации за карактеристиките на новиот Galaxy модел од Samsung, S5, како и шпекулации околу можноста истиот да биде достапен порано од очекуваното, конечно има официјална информација од претставник од Samsung. Поточно информацијата доаѓа од Lee Young Hee, кој потврди дека Galaxy S5 ќе биде достапен до Април, време кога беа достапни и претходните модели.

Ние го најавувавме нашиот прв главен модел во првата половина од секоја година, некаде околу Март и Април и сеуште го таргертираме претставувањето околу таа дата. Кога ќе го претставиме нашиот S5 уред, исто така може да очекувате и Gear, наследник со понапредни функции, како и подобрување на габаритниот дизајн.

Galaxy S5, кој што поради времето на излегување, мора да конкурира со веќе достапните конкурентни модели, како iPhone 5s и Nexus 5, но и очекувањата на нивните наследници оваа година, ќе треба да понуди нешто што е веќе достапно кај овие мобилни, но и нешто повеќе.

Така се очекува новиот модел да дојде со вградена технологија за препознавање на окото, односно Iris технологија. Сепак достапноста на оваа функција не е потврдена, па не се знае дали ќе биде сигурно достапна со S5-ката.

Многу луѓе се фанатици за технологијата за препознавање на ирисот од окото. Ние ја разгледуваме можноста, но не може со сигурност да кажеме дали ќе биде достапна или не на S5.

Исто така Galaxy S5 ќе има целосно нов дизајн, нешто за што неговиот претходник доби доста критики, како поради повторното користење на пластика, така и поради целосно истиот дизајн со S3 моделот. Од Samsung изјавуваат дека S5 моделот ќе биде дизајниран одново, па така нема да го има истиот дизајн. Сепак не се ни очекуваше да се користи истиот дизајн, без разлика на критиките поради фактот што производителите немаат практика истиот дизајн да го користат во три модели по ред.

Заедно со Galaxy S5 ќе излезе и нов модел од Galaxy Gear, паметниот часовник од Samsung. За него се најавува дека ќе биде подобро дизајниран, односно ќе му биде намалена габаритноста.

Друга можност што се најавува, но за разлика од другите не е потврдена е можноста за тростран екран. Тоа значи дека покрај стандардниот екран однапред, ќе има екран и од страните на уредот, кој што би се користел за прикажување на одредени информации, како што се нотификациите.

Претходна статијаAudi претстави 12,3 инчен екран, како шалт табла за идните автомобили
Следна статијаJUMP – полнач за мобилни за во вашиот џеб
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.