Податоците се насекаде околу нас Управувањето и правилната работа со голема база на податоци може да биде вистински предизвик за секој дата инжинер. IT Labs ги поканува сите дата ентузијасти и заинтересирани за менаџирање на дата процеси да ни се придружат на новата Re:Imagine сесија на 31ви мај со почеток од 17:30 часот во арената на IT Labs во канцеларијата во Скопје.

Настанот е бесплатен и е од отворен карактер за сите професионалци и студенти заинтересирани за оваа област.

Во соработка со Data Masters, своето знаење ќе го пренесе Оливер Таневски, дата инжинер во Data Masters, кој ќе ја презентира Meltano-алатка за поедноставување на процесот на data building.

Придружете ни се на оваа Re:Imagine сесија сесија и дознајте како рамката за ELT со отворен код може да ви помогне да го поедноставите процесот на менаџирање со податоци.

Повеќе детали за настанот во, погледнете на линкот. Настанот ќе биде проследен и онлајн, приклучете ни се на Zoom линкот во 17:30 часот.

Претходна статијаNetflix стави крај на споделувањето на сметката со корисници надвор од домаќинството
Следна статијаШто ќе гледате месецов на SkyShowtime?