Фото: Netflix

После доволно одложување и претпазлив пристап, како и тестирање во неколку земји во Јужна Америка, Netflix официјално започна со спроведување на нивното правило за делење на една сметка само помеѓу семејството, односно тие што живеат во истото домаќинство.

Добро е што се’ уште нема најави за вклучување на повеќе земји во оваа одлука, како и нашата земја, па оваа новина сега се однесува за можеби најголемиот пазар на компанијата, тој во САД.

Од Netflix најавија дека корисниците кои ја споделуваат својата сметка со корисниците кои не се од нивното домаќинство, ќе почнат да добиваат имејл во кој се истакнува дека за тоа ќе треба да долатат.

Доплатата е достапна само за еден корисник, што значи нема да може да останат тие кои ја делат сметката со повеќе луѓе, а за тој корисник корисниците во САД ќе треба да плаќаат по дополнителни 7,99 долари месечно.

Јасно е дека првата препорака е таа која од компанијата би сакале корисниците да ја прифатат, а тоа е корисниците да си го префрлаат профилот и да почнат да плаќаат за своја посебна претплата.

„Netflix сметката е за користење од едно домаќинство. Секој што живее во тоа домаќинство може да користи Netflix каде и да е — дома, во движење, на одмор — и да ги искористи новите функции како „Префрлување профил“ и „Управување со пристап и уреди“. Јасно ни е дека нашите членови имаат многу избори за забава. Затоа продолжуваме да инвестираме многу во широк спектар на нови филмови и ТВ серии – па без оглед на вашиот вкус, расположение или јазик и со кого и да гледате, секогаш има нешто задоволувачко за гледање на Нетфликс.“ – истакнаа од Netflix.

Од компанијата во февруари оваа година ги намалија цените за нашата земја, па кога и да се воведе доплатата за дополнителен корисник, сигурно ќе биде соодветно прилагодена на нашите цени. Како и да е, станува очигледно дека од компанијата веќе не сакаат сервисот да се користи на начин кој може да се каже и дека го направи популарен, меѓу другите фактори.

Во продолжение е пораката која Netflix ја испраќа до своите американски корисници.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Netflix
Претходна статијаЛинијата на Samsung 2023 телевизори ги импресионира рецензентите со исклучителен квалитет на сликата и импресивен звук
Следна статијаИТ настан: Re:Imagine сесија за менаџирање и процеси со податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.