Со затоплувањето на времето и доаѓањето на летото, се вжештува и изборот на добри содржини кои чекаат на вас – ваше е само да се логирате, да си наточите некој освежителен пијалак и да се препуштите на бескрајната забава која ви ја носат некои од најпопуларните актери и креатори во светот.

Љубителите на блокбастери и врвни популарни серии од најголемите студија во светот сигурно ќе најдат нешто во што ќе уживаат, но SkyShowtime нуди и низа на помалку познати, но подеднакво квалитетни содржини од европска и светска продукција кои ќе ги задоволат вашите барања за забава.

Success (Uspijeh)

„Success“ е повеќеслојна хрватска драмска серија фокусирана на впечатливите ликови, секој од  нив на некој начин исцрпен од секојдневната борба на животот во градот. Како што последиците од нивните постапки во една кобна ноќ почнуваат да навлегуваат во секој аспект од нивниот живот, овие обични луѓе од различно потекло, одлучуваат да го возвратат ударот.

Серијата е горчлива ода за градот Загреб, која нуди мрачен увид во функционирањето на современото општество преку приказните на обичните луѓе кои биле турнати преку работ. Епизодите 1 и 2 ќе бидат достапни од 2 јуни, а нови епизоди ќе се објавуваат секоја недела.

Ticket to Paradise

Добитниците на „Оскар“ Џорџ Клуни и Џулија Робертс повторно се обединуваат како бивши сопружници Дејвид и Џорџа кои се наоѓаат на заедничка мисија да ја запрат заљубената ќерка да ја повтори истата грешка што тие ја направиле некогаш. Од Working Title, Smokehouse Pictures и Red Om Films, „Ticket to Paradise“ е романтична комедија за тоа колку слатко може да те изненади втората шанса.

Star Trek: Strange New Worlds Сезона 2

Со задоволство ви го најавуваме и новиот трејлер за долго очекуваната втора сезона на серијата „Star Trek: Strange New Worlds”, која еклузивно ќе може да ја погледнете на SkyShowtime почнувајќи од 16 јуни. 

„Star Trek: Strange New Worlds” е базирана на годините кога Капетанот Кристофер Пајк командува со U.S.S. Enterprise. Во серијата играат љубителите на публиката, како Ансон Маунт во улогата на Кристофер Пајк, Ребека Ромијн како Број Еден, Итан Пек како Офицерот Спок, Селија Роуз Гудинг како Кадерот Ниота Ухура и многу други. 

Втората сезона исто така го носи и враќањето на специјалниот гостин Пол Весли во улогата на Џејмс Т. Кирк и новото освежување Керол Кејн во улогата на Пелија. Серијата ги следи Капетанот Пајк, Офицерот Спок и Број Еден, во годините кога Капетанот Кирк управуваше со U.S.S. Enterprise, во нивните авантури на истражување на нови светови низ галаксијата.

Првата сезона на „Star Trek: Strange New Worlds“ е достапна за стриминг ексклузивно на SkyShowtime. 

Погледнете го новиот трејлер:

За повеќе детали, посетете:

Веб-страница: www.skyshowtime.com

Претходна статијаИТ настан: Re:Imagine сесија за менаџирање и процеси со податоци
Следна статијаThunderbird доби ново лого да оди со редизајнот планиран за ова лето