По успешното инаугурирање минатата година, денеска (вторник, 22 ноември 2022 год.) во Скопје ќе се одржи вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Форумот ќе овозможи простор за дебата и дискусија во однос на енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија. Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетно и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита, ќе бидат високо на агендата на вториот по ред Социо-еколошки форум. Предвидено е учество на високи претставници од Европа и регионот, од граѓанскиот сектор, експерти на темата, младински лидери, активисти и новинари.

Потврдено учество имаат Мартин Шулц, претседател на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент, премиерот на Косово Албин Крути, поранешната министерка за надворешни работи на Шведска – Ан Линде, премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и други политичари и експерти од земјата, регионот и ЕУ.

Социо-еколошкиот форум Скопје е платформа за размена на прогресивни идеи, која што им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација, којашто ќе ја зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот.

Потребата за одржливи иинклузивни решенија за социјална и еколошка трансформација на земјите од регионот на Западен Балкан, учеството на носители на одлуки и експерти од областа, се дополнителен аргумент да се биде дел од вториот Социо-еколошки форум Скопје.

Претходна статијаТелеком со новогодишната кампања „Како си“ повикува овие празници да се погрижиме дека сите се добро
Следна статијаiPhone 15 Pro серијата ќе биде уште поразлична од „обичните“ iPhone 15 телефони