Фото: Apple

Apple официјално ја објави датата кога ќе го одржи нивниот настан кој обично го одржува во септември секоја година. Настанот ќе се одржи на 9 септември, како што говореа неофицијалните информации, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време. 

Иако Apple настаните веќе неколку години се снимени претходно, тие можат да се гледаат преку YouTube, како и преку страната на компанијата.

На настанот ќе биде претставена наредната генерација од iPhone, а на ред е iPhone 17 серијата. Покрај телефоните, се очекува и трета генерација од AirPods Pro слушалките, како и нови верзии од часовниците, а оваа година треба да има и реално нова Watch Ultra 3 верзија. 

Главното внимание сепак ќе биде насочено кон целосно новиот вид на iPhone, засега неофицијално наречен iPhone Air, кој треба да биде најтенкиот iPhone досега. 

Како што знаат да кажат доста луѓе, не знам кој бараше претставување на доста тенок телефон, кога повеќето би немале проблем дури со нешто подебел, но со поголема батерија. 

Сепак, изгледа немањето што ново да се претстави донесува вакви експерименти, па ќе видиме дали телефонот навистина ќе вреди да се користи. 

Во голем дел тоа ќе зависи од големината на батерија за која засега се шпекулира дека ќе биде со капацитет од само 2.900 mAh, што дури и со најавените оптимизации, не може да овозможи доволно добар број на часови. 

Како и да е, за голем дел од корисниците тенкоста на телефонот ќе биде доволно голема новина за да го купат, а ќе видиме, можеби во живо iPhone Air навистина ќе биде интересен. 

Инаку, овој телефон се очекува дека ќе го замени iPhone 17 Plus моделот кој најверојатно е и најмалку продаван од сите. 

Претходна статијаЗлато и бронза за Мојсовска и Јовановска од „Макпетрол“ на Универзијадата во Полска
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.