Оваа година во Талин ќе не претстави Ѓорѓи Симјановски – победникот на овогодинешното 11-то по ред првенство на Бармени во Македонија. Второто место му припадна на Александар Цветковски, додека пак златниот пехар за 3 место отиде во рацете на Никола Стојмановиќ.

Уживавме во совршено организираниот натпревар во ексклузивниот ресторан FOUR, каде можевме да ги дегустираме егзотичните коктели приготвени од нашата гордост, нашите бармени кои навистина се покажаа во своето најдобро светло.

Бројните едукативни семинари ни ги доближија интересните детали поврзани со дел од спонзорите на самото првенство.

Минатогодишниот победник Васил Пеевски, беше  едукатор на Семинарот за Marie Brizard & Angostura. Мошне интересен пристап на младиот Васил, со уште поинтересни факти и коктели кои не освоија од самиот почеток….

Ја имавме и честа да се дружиме со Horeca координаторот за Македонија и Косово – г-дин Сашко Стаменковиќ, кој одблизу ни ги доближи интересните факти на самиот Nescafe Семинар. Потоа следуваше Nescafe Frappe натпреварот, каде сите учесници ја покажаа својата иновативност и креативен пристап.

Победник во Nescafe Frappe натпреварот е  Илија Оцеровски
2 место – Никола Трајков
3 место – Александар Кириќ

Веруваме дека секој од нас се заљубил во Schweppes на прва голтка. Овој семинар ни послужи да навлеземе подлабоко во историјата на овој прекрасен освежителен пијалок со гостите од Србија кој дојдоа специјално за овој настан.

За крај имаме супер едукативен семинар за MONIN со нашиот master class guest Mišel Posavac, кој ни дојде специјално од Хрватска.

Red Bull повторно им даде крилја на креативните момци и брзина да ги подготват своите феноменални коктели….Уживавме во секоја голтка! Победници во Red Bull Speed Round натпреварот се :
1 место- Мартин Петрушевски
2 место- Славчо Мирчевски
3 место – Рашко Бошковски

Bloody Mary е особено привлечен предизвик во микс со единствената Ketel One. Идеална комбинација која нашите македонски бармени ја украсија со сета своја имагинација….

Победник на Ketel One Bloody Mary Challenge е Ивица Атанасовски.

Top of Form

Bottom of Form

Наградата за најдобра техника доделена од УТМС му припадна на Александар Цветковски.

Финалистите кои влегоа во трката за најдобар бармен беа:
1.Никола Трајков
2.Никола Цоневски
3.Љубен Богдански
4.Илија Оцедовски
5.Ѓорѓи Симјановски
6.Даниел Новиќ
7.Мартин Петрушевски
8.Ивица Атанасовски
9.Петар Ставревски
10.Славчо Мирчевски
11.Александар Цветковски
12.Никола Стојмановиќ

Организаторите навистина се покажаа одлично и ни доловија прекрасен настан и искуства кои ќе не држат до наредната година. Да му посакаме среќа на нашиот нов претставник кој ќе ја претставува Македонија Во Талин – Ѓорѓи Симјановски.

Претходна статијаWindows Lean – уште една „ослабната“ верзија од оперативниот систем
Следна статијаПребарајте ги сите слики и видеа од NASA на нивната нова страната наменета специјално за тоа