Фото: Shutterstock.com

YouTube и Доналд Трамп се договорија да ја затворат тужбата поднесена против познатиот сервис за видеа, со исплата на 24,5 милиони долари од страна на YouTube.

Тужбата Трамп ја поднесува во 2021 година по суспендирањето на неговата сметка на неопределено време по настаните на 6 јануари, односно влезот во Конгресот од страна на група луѓе која протестираше против изборните резултати. 

Трамп повеќе пати е обвинуван за поттикнување на тоа што се случуваше на 6 јануари, но како излегуваат информации изминатите години, не би било чудно на крај да испадне целата работа да била намерно наместена од неговите противници. 

Од тоа што можеше да се види од говорите на тогаш поразениот претседател, тој сигурно не повикуваше на насилство, но непризнавањето на изборните резултати му се смета како „иста работа“. 

Договарањето на тужбата помеѓу двете страни доаѓа недела дена по „признавањето“ од страна на Google дека видеа и канали биле отстранувани од YouTube на теми поврзани со COVID-19 и изборните резултати, без тие да ги прекршат правилата на платформата. Од компанијата директно ја посочија администрацијата на Џо Бајден како одговорна за овие постапки. 

Од компанијата тогаш најавија дека блокираните канали ќе можат да продолжат со работа, но тоа очекувано не испадна баш така. 

Информацијата за договарањето на тужбата ексклузивно ја објавија од The Wall Street Journal, а ова е трето вакво договарање на Трамп со ИТ компаниите кои го блокираа претходните години. 

Претходно Трамп се договори со Meta да му исплатат 25 милиони долари, како и со X/Twitter во вредност од 10 милиони долари. 

ИЗВОРThe Guardian
Претходна статијаChatGPT доби можност за директно купување на производи преку разговорите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.