Кога беше лансирана Surface линијата на Microsoft, многу од останатите производители, но и купувачите, не ги видоа овие уреди како сериозен конкурент на тогаш „забревтаните“ iPad и Android таблети. Сепак, можноста овие таблети да се користат и како замена за лаптоп, благодарение на моќните процесори и целосниот Windows 10, одекна кај многу луѓе и денес тие се уредите кои го носат пазарот на таблети и лаптопи напред. Еден од најгласните во потсмевањето на Surface линијата беше извршниот директор на Apple, Тим Кук. Кога излегоа првите Surface „2 во 1“ компјутери, тој изјави дека може да се спојат и фрижидер и тостер, но тој уред тогаш не би го задоволил корисникот. Очигледно, Тим Кук во овој случај целосно ја промаши големата идеја на Microsoft за еден уред за сите потреби на корисникот и денес неговата компанија исто така има уреди кои се обидуваат да бидат и таблет и лаптоп.
Новиот, харизматичен директор на Microsoft конечно врати на оваа изјава на Тим Кук, со подеднаков потсмев. Неговата изјава за Australian Financial Review беше: „Пред три години, 2 во 1 уредите беа доведени во прашање. Дали на некој му треба ваков уред? И погодете, денес дури и нашите конкуренти одлучија дека тие не се фрижидер и тостер, туку се „2 во 1“. Во времето кога беа лансирани првите Surface компјутери на чело на Microsoft беше Стив Балмер, кој една година подоцна го отстапи местото на Надела. Со новиот директор, компанијата целосно го смени начинот на функционирање. И покрај успехот на Surface серијата и на Windows 10, тие сега се најмногу насочени кон сервисите, како на пример облакот, а иновираат и како ниту една друга компанија во светот на технологијата во моментов. Извор: Business Insider, CNET, Australian Financial Review