Пред една година, сопственикот на познатата апликација Telegram беше уапсен во Париз, поради истрага поврзан со недоволното модерирање на содржината на апликацијата.
Во основа, вакво нешто не беше некое изненадување, а јасно е дека апликација која се користи за објава на секаква содржина, која не може да биде контролирана од властите, ќе претставува проблем.
Во периодот што следеше Telegram сепак направи одредени промени кои го поставија прашањето дали е постигната целта со апсењето на Дуров и колку апликацијата останува каква што беше дотогаш.
Како и да е, Telegram ја задржа својата популарност и остана важен извор на информации во повеќе области од светот, што значи дека сепак не е овозможена цензура од страна на сопственикот.
На годишнината од апсењето во Париз, Павел Дуров излезе со објава на X, преку која го објаснува случајот. Тој истакнува дека бил задржан четири дена поради тоа што некои луѓе кои не ги познава ја користеле Telegram за координирање на криминални активности.
Ова е суштината на дебатата дали сопствениците на платформите треба да бидат одговорни за тоа што го прават корисниците преку нивните платформи.
Дуров продолжува со информацијата дека година дена подоцна, криминалната истрага се мачи да најде нешто, односно проблем во работата на Telegram.
На коментар на објавата дека после апсењето е овозможен заднински пристап до Telegram, Дуров одговара дека тој „попрво би умрел“ отколку да овозможи пристап до приватните пораки на корисниците.
Објавата можете да ја погледнете во продолжение.