Илон Маск, интерпланетарни патувања, Марс

Основачот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, го препознаваме по неговите неверојатни идеи и планови кога станува збор за колонизирање на други планети. Неодамна тој лансираше автомобил марка Тесла во вселената. Целта е на голема врата да се најави  она што доаѓа.

Имено, според последните информации, тој објави дека патувањата до Марс ќе бидат можни уште наредната година. Сето ова се случи на познатиот настан SWSX кој се одржува од 9 – ти до 18 – ти март во Остин, Тексас.

“Ние го градиме првиот интерпланетарен брод. сметаме дека ќе бидеме во можност да ГИ реализираме првите кратки патувања до првата половина на наредната година” – рече Маск

Сепак, тој е искрен и призна дека понекогаш неговите очекувања се превисоки или преоптимистични. Според Маск, патувањето до други планети и колонизирањето на истите е прашање на опстанок на човештвото.

“Важно е да имаме наша база на Марс. Шансите таа да опстане се далеку поголеми, отколку градење на база на Месечината. Доколку се случи трета светска војна, треба да се осигураме дека имаме наше семе на друго место. Тоа ќе ни овозможи да ги надминеме мрачните времиња. Тоа е најдобриот начин” – објасни тој.

Заканата од трета светска војна не е единствениот проблем кој го посочи Маск на SXSW конференцијата. Другиот аспект на кој се стави акцент е брзиот напредок на вештачката интелигенција. Она што можеме да го постигнеме со нејзина помош е фасцинантно, но и застрашувачки во исто време. Маск предупреди дека мора да имаме механизми за заштита од нејзиниот експоненцијален развој.

Од друга страна, таа може да помогне за развојот на самоуправувачките автомобили.

“Во најмала рака, сто или двесте проценти е поголема безбедноста за возење во вакви автомобили, во споредба со обичен возач. Ќе ни требаат околу 18 месеци за да развиеме ваква технологија. Моменталниот автономен возачки систем на Тесла, попознат под името Autopilot 2.0, ќе биде 2 или 3 пати подобар од човек” – додаде Маск.

Претходна статијаДали Apple планира да претстави нов iPad?
Следна статијаLG G7 ќе има исечок на горниот дел од екранот кој ќе може да се „тргне“ по избор на корисникот