Shutterstock.com

Елон Маск со богатство проценето на 128 милијарди долари се искачи на второто место на листата на најбогатите луѓе во светот. Тој ова место го презеде од Бил Гејтс кој сега со вредност слична со таа на Маск, падна на третото место.

Првото место продолжува да го држи директорот на Amazon Џеф Безос, кој со вредност од 182 милијарди долари цврсто го држи ова место веќе неколку години. Елон Маск за многу кратко време напредува неколку места за да дојде до второто.

Напредокот на Маск на листата, односно зголемувањето на неговото богатство се должи на растот на вредноста на акциите кои тој ги поседува во неговите Tesla и SpaceX.

Вредноста на Tesla се смета дека е најголема во светот во областа во која работи, иако бројот на произведени и продадени автомобили не може да се спореди со тој на другите автомобилски компании.

Покрај Tesla, оваа година голем напредок има и SpaceX кои успешно го изведоа првото лансирање на луѓе во орбитата на Земјата, како и првото лансирање од САД после долги години зависност од Русија за овие активности. SpaceX сега е официјалниот „превозник“ на NASA.

Интересно, за Бил Гејтс се истакнува дека не би го загубил второто место да не давал голем дел од богатството во добротворни цели. Вредноста која тој ја има дадено се смета дека е околу 27 милијарди долари.

Инаку, доколку се погледне листата на најбогати луѓе во светот, се забележува дека голем дел од неа ја сочинуваат луѓе од ИТ индустријата, што не изненадува со оглед на времето во кое живееме.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаЧекор напред во селектирање отпад – Пакомак го претстави првиот повратен вендинг апарат во Куманово
Следна статијаНаскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s – премиум телефони по одлични цени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.