Со години намалувајќи ги своите обврски и учество во работата на Microsoft, Бил Гејтс конечно реши да веќе нема никаква официјална улога во компанијата. Тој во петокот се повлече од позицијата член во одборот на директори во Microsoft, како и во Berkshire Hathaway, со цел да го посвети своето време повеќе на филантропските активности како глобалното здравје и развој, образование и се поголемото вклучување во борбата со климатските промени.

Бил Гејтс сепак ќе остане да биде советник за технологија на директорот Сатја Надела, како и на сите други лидери во компанијата. Со тоа тој сепак ќе задржи некаква ангажираност во компанијата која ја ко-основа, но јасно е дека неговото време во главно ќе биде посветено на неговата фондација која ја води со неговата жена.

„Со почит кон Microsoft, моето повлекување од одборот не значи и повлекување од компанијата. Microsoft секогаш ќе биде важен дел од мојата животна работа и ќе продолжам да бидам во контакт со Сатја и техничките лидери со цел да помогнам во обликувањето на визијата и постигнувањето на компаниските амбициозни цели. Се чувствувам повеќе оптимист од било кога за напредокот кој компанијата го прави и како тоа ќе продолжи да му користи на светот.“ – истакна Гејтс преку неговата објава за одлуката на LinkedIn.

„Беше огромна чест и привилегија што работев и учев од Бил низ годините. Бил ја основа нашата компанија со верба во демократизирачката сила на софтверот и со пасија да ги реши најважните предизвици на општеството. Microsoft и светот се подобри поради тоа. Одборот имаше голема корист од водството и визијата на Бил. Microsoft ќе продолжи да има корист од продолжетокот на страста и советите на Бил да ги носи нашите производи и сервиси напред.“ – истакна Сатја Надела во објавата на Microsoft за одлуката на Гејтс.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаGoogle X и приватизација на езерата
Следна статијаМакедонски Телеком: Да останеме поврзани од дома, со двојно повеќе фиксен интернет, над 50 ТВ канали и 10 GB мобилен интернет за сите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.