Покрај својата работа поврзана со вакцините и помошта за најсиромашните земји, Бил Гејтс е влезен и во областа на климатските промени. Според многу, се наоѓаме во критичен период кога уште можеме нешто да направиме за да ја прекинеме штетата која ја правиме на Земјата, како и да ги спречиме потенцијалните катастрофални последици кои може да настанат во иднина.

Бил Гејтс токму на таа тема пишува во својата најнова книга насловена „Како да избегнеме климатска катастрофа: Решенијата кои ги имаме и достигнувањата кои ни требаат“. Истата е во продажба од денес, а може да се најде во електронска форма на Amazon Kindle за 19,47 долари, но тука има повеќе книжари кои ја нудат за различни цени.

Оваа книга може да се каже дека е резултат на неговото повеќе годишно истражување на причините кои имаат ефект на климатските промени. Со помош на експерти во повеќе области, како физика, хемија, биологија, инженерство, политички науки и финансии, Гејтс се фокусира на тоа што мора да биде направено за да се спречи сигурната еколошка катастрофа.

„Ја напишав „Како да избегнеме климатска катастрофа“ затоа што мислам дека сме во клучен момент. Видов возбудлив напредок во повеќето од 15 години во кои учам за енергетиката и климатските промени. Чинењето на енергијата од обновливи извори од сонцето и ветерот е намалена драматично. Има поголема јавна поддршка за преземање на големи чекори за избегнување на климатска катастрофа повеќе од било кога. Владите и компании низ светот си поставуваат амбициозни цели за намалување на емисијата на гасови“ – истакнува Бил Гејтс во најавата на книгата.

Претходна статијаНационалниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT одржа серија на бесплатни вебинари за сајбер-безбедност
Следна статијаНовата Nothing го откупи затворениот Essential бренд на поранешниот креатор на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.