За време на настанот којшто од компанијата го одржуваат оваа недела во Хаваи, покрај најновиот и досега најдобар мобилен чипсет Snapdragon 855, Qualcomm го претставија и својот прв чипсет специјално развиен за PC компјутерите, Snapdragon 8cx.

Овој нов чипсет е првиот којшто е од почеток развиен за компјутерите, наместо прилагоден од мобилните чипови. Не е наменет како директна конкуренција на Intel чиповите кои ги користиме на десктоп компјутерите, односно овој чип е наменет за новата категорија на “Always On, Always Connected” компјутери.

Се работи за компјутери кои работат на Windows 10, меѓутоа исто како мобилните уреди, тие се цело време вклучени и цело време поврзани на интернет. Тоа значи дека за разлика од класичните Windows 10 лаптопи, овие уреди остануваат поврзани и вклучени и кога ќе се затворат, со што се добива можноста за добивање на известувања и брзо продолжување со работа, исто како кај мобилните уреди.

Snapdragon 8cx е направен со 7nm технологија и работи со 8 Kryo 495 CPU јадра, како и нов Adreno 680 графички процесор. Од компанијата истакнуваат дека овој графички процесор е за 60% повеќе ефикасен од тој во 850-ката.

Новиот чипсет овозможува и брзо полнење, како и поврзување на LTE мрежите, но сепак не е истакната поддршка за 5G мрежите, кои сепак најмногу раширени ќе станат дури во 2020 година, иако во дел од светот има најави веќе за идната.

Деталите околу новиот чип можете да ги прочитате на страната на Qualcomm на следниот линк.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаHMD Global го претстави Nokia 8.1 – смартфон од средно високата класа, со HDR10 екран и исечок на горната страна
Следна статијаGoogle му посака добредојде на Microsoft во Chromium проектот, а Mozilla истакна дека корисниците сега имаат поголема причина за користење на Firefox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.