xiaomi_mi_vr-640x350

Кинескиот производител веќе се испроба во секторот на виртуелната реалност со Mi VR Play и тоа само пред неколку месеци, што лансирањето на овој уред го прави во најмала рака чудно. Сепак, доколку се погледне подлабоко ќе се види дека Mi VR има многу повеќе можности, со кои ќе може подобро да се спротивстави на конкуренцијата од Android секторот.

Најголем адут на очилата за гледање на виртуелна реалност на Xiaomi повторно ќе биде цената, која во Кина ќе изнесува исклучително ниски 29 долари. За тие пари, купувачот ќе добие прилично футуристички дизајниран уред и контролер со сензор кој може да препознае движење во 9 различни насоки, што го прави подготвен за играње на сите понови виртуелни игри. Самите „очила“ исто така имаат сензор за движење, кој има каснење од само 16 милисекунди.

gsmarena_002

Како и секој друг уред за виртуелна реалност во Android секторот и Mi VR ќе работи само доколку ставите телефон во него, а во овој случај еден од моделите од повисоките класи на Xiaomi – Mi Note 2, Mi 5s, Mi 5s Plus и Mi 5. Интересно, ниту еден од овие телефони нема Quad HD дисплеј, што може да биде ограничување за апликациите за виртуелна реалност, бидејќи во таква околина многу е лесно да се видат пикселите на Full HD екраните на овие телефони.

Извор: Ubergizmo, GSM Arena, The Verge

Претходна статијаGalaxy S8 ќе вклучува 6 GB RAM и 5,5 инчен 4К екран?
Следна статијаDTEK60 е најмоќниот телефон на Blackberry досега